• Thu. May 16th, 2024

Тренчовски тренер на младите на Ал Араби во Кувајт каде ќе биде најмлаку една сезона

ByВане Трајков

Sep 19, 2021

Поранешниот стратег на ФК Академија Пандев Југослав Тренчовски замина за Кувајт во Ал Араби, каде што ќе ја продолжи својата тренерска кариера.  Творецот на „академците“ ќе работи како главен тренер на младинскиот тим на оваа екипа, а ќе биде и технички директор на младинските школи

„Условите за работа тука се одлични, а тренираме само навечер под рефлектори поради високите денски температури Моја цел ќе биде да ја реализирам клупската стратегија за што поголем број фудбалери од младинскиот погон кои во иднина би биле дел од сениорската екипа, каде што во моментов има дури петмина младинци. Ќе се обидам да помогнам во остварување добро пласмани во младинските категории, но главна цел ќе ни биде подигнување на физичките и тактички перформанси на талентираните деца“, вели Тренчовски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *