• Wed. May 15th, 2024

Тренчовски повеќе не е тренер на Академија Пандев

Југослав Тренчовски повеќе не е тренер на македонскиот прволигашот Академија Пандев.

Македонскиот стратег одлучи да си поднесе оставка по денешното дерби на „пандевци“ со Борец со што беше продолжена лошата серија на клубот кој нема победа во домашниот шампионат 23 октомври кога во Струмица ја решија Македонија Ѓорче Петров со 4-0.

Кој ќе биде новиот предводник на оваа екипа се уште не е познато, веќе се споменуваат неколку имиња, меѓутоа се очекува конкретен потег на управата на клубот.

„Пандевци“ во среда ги очекува меч со Шкупи во Купот, реванш од четвртфиналето на кој ќе влезат со предност од 1-0.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *