Свет

Трамп: Би можел веднаш да го средам Авганистан, но не сакам да убијам 10 милиони луѓе

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека САД во последните неколку недели постигнале голем напредок во преговорите со талибанците и јасно даде до знаење дека не му е драго што американските воени сили се присутни во Авганистан, објави Си-ен-ен.

За време средбата со пакистанскиот премиер Имран Кан, Трамп рекол дека 18-годишната војна со Авганистан била повеќе од контролна природа, односно дека воените сили на САД дејствувале како полицајци, а не како војници. Трамп нагласил дека доколку сакаат, САД би можеле бргу да стават крај на таа војна со брутална воена сила, но дека тогаш би загинале 10 милиони луѓе.

„Ако сакам веднаш да победам во војната, Авганистан би бил избришан од лицето на земјата за најмногу десет дена. Но, јас тоа не го сакам, не сакам да одам по тој пат. Ние, всушност, сме како полицајци. Не водиме војна. Да сакавме да војуваме и да го победиме Авганистан, ќе го освоевме за една недела. Но, не сакам да убијам 10 милиони луѓе“, рекол Трамп.

извор:makfax

Препорачуваме:

Казна од 700 евра за возење на црвено: Колку чинат казните во Грција?

Ѓ. K.

Митараки: Грција не може да стане порта за влез на Авганистанците во ЕУ

Сузана Мицева

22-годишна Македонка загина во несреќа во Данска

Сузана Мицева