• Sun. May 12th, 2024

Тешко повредена жена во Струмица, ја удрил автомобил

ByЃ. K.

Aug 26, 2023

Тешко повредена 74-годишна жена од село Василево откако во неа удрил возач со „цитроен“. 

На 25.08.2023 во 07,40 част во Струмица на крстосницата од ул. „Ленинова“ и ул. „Браќа Миладинови“, патничко моторно возило „цитроен“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Ѓ.С.(68) од с.Дабиље, струмичко удрило во Д.Х.(74) од с.Василево, струмичко. Д.Х. била пренесена во Медицински центар-Струмица, каде од лекар и била констатирана тешка телесна повреда, соопшти полицијата. 

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Струмица. 

By Ѓ. K.