Регион

И најмалите жители на Прдејци добија ново детско игралиште

Во рамките на акцијата на Општина Гевгелија за уредување паркови за деца, во населеното место Прдејци е изградено ново детско игралиште. Поставени се детски реквизити на висококвалитетна гумирана подлога, на површина од 120 метри квадратни. Ова детско игралиште, коешто се наоѓа наспроти Младинскиот дом во Прдејци, е изградено веднаш по новото детско игралиште во Негорци, за коишто со Проект за поставување урбана опрема за детски игралишта Општина Гевгелија аплицираше за финансиска поддршка до Бирото за регионален развој и издвои сопствено учество од Буџетот на Општина Гевгелија за 2023 година. Согласно проектот, ново детско катче се очекува да биде изградено и во Богородица.

Градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, по изградбата на двете детски игралишта во Негорци и Прдејци, истакна:

– Вложуваме подеднакво за подобрување на условите за живот во сите населени места во општината. Општина Гевгелија продолжува со изградба на модерни и функционални детски игралишта, коишто претставуваат нови рекреативни зони за најмладите. После Негорци, пристапивме кон реализација на новото детско игралиште и во Прдејци. Најмалите жители во ова населено место отсега понатаму имаат можност да се забавуваат и социјализираат преку игра на отворено, на новото детско игралиште.

Препорачуваме:

Во петок истекува рокот за барања за субвенции во земјоделството

Стојне Митева

Премиера на претставата „Корени“ на струмичката гимназија во режија на Кире Ѓоргиев

Сузана Мицева

О.Василево-Повик за прибирање понуди за градежни

Dimitar Micev