Регион

Тешка сообраќајка меѓу три возила изутринава во Струмица, има повредени

На 14.01.2024 во 03.40 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на булевар „Маршал Тито“ во Струмица се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „ауди“ со струмички регистарски ознаки, управувано од лице (25) од Струмица, патничко возило „опел астра“ со струмички регистарски ознаки, управувано од лице (29) од село Гечерлија, струмичко и патничко возило „бмв“ со струмички регистарски ознаки, управувано од лице (26) од село Ангелци, струмичко.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил лице (24), сопатник во патничкото возило „ауди“, а со телесни повреди се здобиле возачите на патничките возила „ауди“ и „опел астра“, како и две други лица., сопатници од патничкото возило „опел астра“ и лице, сопатник од патничкото возило „ауди“.

Повредите биле констатирани од страна на лекар во Медицински центар Струмица, а увид на местото извршила увидна екипа на Полициската станица Струмица.

Препорачуваме:

ООУ „Сандо Масев“ светна во новогодишно руво

Регистриран земјотрес во Богданци, Гевгелија и околината

Ване Трајков

Од почетокот на пандемијата во Македонија починаа 700 лица