Регион

Темели на новиот клинички центар до крајот на годинава

Од Владата денеска најавија дека до крај на мај ќе се знае колку ќе чини изградбата на новиот клинички центар, а во план е неговите темели да се стават до крајот на годинава.

Портпаролот на Владата Миле Бошњаковски изјави денеска дека клиничкиот центар ќе биде на пет нивоа на вкупна површина од 102 илјади метри квадратни, ќе има околу 1.300 болнички легла, 20 операциони сали, четири ангиографски сали, 65 амбуланти за специјалистичко-консултативни дејности.

„Приоритет на Владата и на Министерството за здравство е изградба на достапен, квалитетен и долгорочно одржлив систем за здравствена заштита кој ќе обезбеди беспрекорни услуги на граѓаните, како и врвни услови за работа на медицинскиот кадар“, истакна Бошњаковски.

Препорачуваме:

Со контролата на компјутерите не може да му наштети на видот кај децата

Ограбен пунктот за донирање облека на градскиот плоштад во Струмица

Билтен: Пронајдена марихуана, две тепачки