Регион

„СЦЕНА“ почна со реализација на проектот „Театарот во светот на детето“ поддржан од општина Струмица

Здружението за култура и уметност „СЦЕНА“ започна со релизација на првата фаза од проектот „Театарот како средство за будење на мечта и можноста за креативна комуникација кај генерациите во развој-ТЕАТАРОТ ВО СВЕТОТ НА ДЕТЕТО“. Овој проект се реализира со средства од општина Струмица преку Програмата за финансиска поддршка на НВО секторот за 2017 година.
Првата фаза се состои од идентификација и анализа на состојбите со опкружувањето од културолошки аспект, гледано низ призмата на театарот, како влијание врз целокупниот културен развој на генерациите во развој. За таа цел се воспостави систем на соработка помеѓу имплементаторот на проектот и четирите основни училишта на територијата на општина Струмица, односно се потпиша меморандум со кој што двете засегнати страни се обврзаа на меѓусебна соработка и почит се со цел да се утврди состојбата-проблемот со кој што се соочуваат најмалите. Исто така во првата фаза на овој проект се формираше експертски тим од истражувачи и аналитичари кои што почнаа да го спроведуваат истражувањето во сите основни општински училишта преку кое што ќе може да се изготви една сеопфатна анализа за потребите на дејствување во надминување на воочените проблеми во областа на уметноста и културата кај генерациите во развој. Проектот е финансиран од Општина Струмица.

Препорачуваме:

Во радовишко пронајдена поголема количина огревни дрва без документација

Ване Трајков

Наставници и ученици од ООУ ,,Маршал Тито” Струмица донираа во акцијата „Подари дел од својата трпеза, нахрани гладен“

Ѓ. K.

ВИДЕО: Приватните поликлиники во Југоистокот без болнички капацитети