Регион

Струмичките ученици се запознаваа со староградската музика и инструменти

Во месец септември Елеуса Фондација започна со реализација на серија музички работилници во основните и средните училишта во Струмица со цел запознавање на младите со македонскиот фолклор и староградската музика.

Музичките работилници се одржаа во сите основни и средни училишта во Струмица и основното училиште „Кирил и Методиј“ од Дабиле.

  • Евидентен беше големиот интерес на учениците за учество на работилницата која беше замислена како еден вид музичко патување од минатото, од времето на византискта империја кога од царските дворови, оваа музика стигнува низ градските сокаци, велат од Фондација Елеуса.

Во македонскиот мелос, овие византиски напеви заедно со дел од турски и воопшто арапски инструменти заживуваат и на нашите простори и стануваат нераскинлив дел од македонскиот мелос.

  • Учениците слушнаа и видоа како звучат и како изгледаат некои традиционални староградски инструменти, како што се канон, ут, потоа македонската тамбура, тарабуката, кларинетот, виолината, а слушнаа и некои познати староградски, чалгиски рефрени кои биле карактеристични и автентични за овие наши простори, додаават во својата објава од Фондацијата.
  • Преку работилниците осознаа за врската меѓу културите, кои не познаваат граници, туку дозволуваат сѐ она што е убаво да живее и во местата каде што стигнало. Така посебно нѐ радуваа реакциите кај сите кога ќе ја слушнеа песната Üsküdar’a gider iken на турски јазик, чија мелодија е испеана по текстот Ој девојче девојче. Нема да ја заборавиме љубовта со која учениците од ООУ „Маршал Тито“ од Струмица ја побараа и во едно грло ја испеаја песната Македонско девојче, стои во соопштението.

На работилниците, како што веат од Фондацијата, ја акцентирале и паралелата меѓу битовата нарација и чалгиската музика, која македонскиот народен творец ја оставил во наше наследство.

Од Фондацијата велат дека постои непознавање на македонската староградска музика и мелос.

  • Општ беше впечатокот дека, младите многу малку знаат за македонската староградска песна, за лирската и обредната музика. Слободно можеме да речеме дека и воопшто не ја познаваат, не препознавајќи одредени рефрени, кои се симбол или своевиден евергрин на македонската чалгија. Оттаму сметаме, дека и во следниот период, Елеуса Фондација преку вакви активности ќе придонесе за заживување на македонскиот староградски мелос, кој ја претставува другата страна од македонскиот фолклор, каде што влегуваат и народните танци и ора, децидни се од Елеуса.

Музичките работилници ги работеа проф.Маја Витанова – професор по виолина и музичко образование и Лука Митев – инструменталист на УТ, со дел од членови на вокално – инструменталниот состав „СТИХИРИ“.

Проектот „Хуманитарен бадникарски концерт 2024“ година, освен музичко образовниот дел, остава простор за учество и вклучување на младите во завршниот настан на 6 јануари 2024 година, кога ќе се одржи традиционалниот празничен концерт, кога ќе бидат поделени пакетчиња за сите деца.

Проектот е реализиран преку Програмaта G1 Поддршка на ЛЕР од Буџетот на Општина Струмица за 2023 година.

Препорачуваме:

Дводневен вело-фест во Конче и Мантово

Ѓ. K.

Зона „Север“ Струмица, Баница и Водоча без електрична енергија поради дефект

Ѓ. K.

Епидемиолошката состојба во општина Гевгелија стабилна

Сузана Мицева