• Thu. May 16th, 2024

Струмичката гимназија со девет награди на „Образовното рандеву 2018“

ByDimitar Micev

Apr 26, 2018

„Моќта на зборовите„ е насловена рекламата која им донесе прво место на ученици од струмичката гимназија на „Образовното рандеву 2018“. Во конкуренција од околу 80 реклами, тие беа најдобри со својот прокет. Повеќе од два месеци напорно работе на изработка на рекламата, која вроди со голем успех и признание како за учениците така и за нивните ментори.

На „Образовното рандеву 2018“ , кој викендов се одржуваше на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, учествуваа 35 средни училишта. Струмичката гимназија се врати со освоени девет награди.

На „Образовното рандеву 2018“ повеќе награди освоија и учениците од средните училишта „Димитар Влахов“ и „Никола Карев“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *