• Tue. May 14th, 2024

ЕД Планетум со ученици од Сандо Масев и Никола Вапцаров реализираа еко акции за почиста животна средина

ByВане Трајков

Apr 26, 2018

Еколошко Друштво ,,Планетум,, деновиве со учениците на ,,Сандо Масев,, и ,,Никола Вапцаров,, реализираа еко акции со цел подигнување на еколошката свест кај младите и заштита и унапредување на животната средина. Во училиштето ,,Сандо Масев,, со учениците од прво и второ одделение учествуваа во уредување на училишниот двор и преку неформална еко едукација се стекнаа со знаења за животната средина, селекција на отпад, еко патрола.

Со учениците пак на ,,Никола Вапцаров,, реализираа еко акција за чистење и промовирање на еко туристичките патеки на Беласица. Учениците заедно со членовите на ,,Планетум,, ја  исчистија патеката од Банско до Габровските водопади  која може да се користи за рекреација. Инаку ова патека ја осмисли Еколошкото друштво  и постави инфо табли за природните богатства и културните историски знаменитости  и животинскиот и растителниот свет околу патеката што ја сработија од проектот ,,Беласица без граници,, финансиски подржан од германското министерство за животна средина

Планетумци ова активности  ги реализираа со подршка од ,,Цивика Мибилитас,,  од програмата за подршка на граѓанското општество со цел активно учество на младите во заштита на животната средина и заедницата во која живееме  преку решавање на проблемите поврзани со отпадот и развој на алтернативниот туризам и одржлив урбан развој што е мисија на ЕД Планетум

Еве дел од еко акцијата со учениците од Сандо Масев

Фото од еко акцијата со учениците на Никола Вапцаров

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *