• Fri. May 10th, 2024

Струмичанка доби 20.000 денари од наградното извлекување Мој ДДВ/ Моја награда

Струмичанка е меѓу 15 извлечени добитници на месечните награди од 20.000 денари преку наградната игра „МојДДВ#МојаНаграда“ на јавно извлекување, кое се одржа пред два дена.

Имињата на добитниците се објавени и на веб-страницата на Државна лотарија на следниот линк: https://www.loto.mk/MojaNagradaRezultati

Во другите кола на „#МојаНаграда“ до крајот на годината, односно до декември, месечните награди ќе изнесуваат 20.000 денари и секој месец ќе се доделуваат по 15 награди.
Извлекувањето на втората главна премија ќе се одржи во декември, а таа ќе изнесува 1.000.000 денари, соопшти Министерството за финансии.

До краот на годината секој ден ќе се доделуваат 30 награди од 1.000 денари. Доделувањето повеќе дневни наградни, но во помал износ во овој период, ќе претставува мотив за граѓаните да скенираат фискални сметки и да влијаат на намалувањето на сивата економија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *