Регион

Струмичанката Кумјана Новакова ја доби наградата за човечки права со документарниот филм „Молк на разумот“

Синоќа заврши 20. издание на „Сарајево филм фестивал“, во рамките на конкурсот за документарен филм „Срцето на Сараево“ со наградата за човекови права се закити струмичанката Кумјана Новакова.

Кумјана Новакова, работи во полето на креативниот документарен филм и аудиовизуелните уметности од 2006 година кога и го кооснова филмскиот фестивал Pravo Ljudski во Сараево. Моментално работи како филмска кураторка во Музејот на современа уметност во Скопје и предава на одделот за документаристика и нефикција на ESCAC во Барселона. Авторски развива проекти помеѓу филмот и современата уметност, најмногу истражувајќи ја интеракцијата помеѓу идентитетите, спомените и колективното јас. Кумјана ја курира филмската програма на ПРВО ПА ЖЕНСКО од 2014 година.

Во наградениот филм се работи за сведоштва и видеоматеријали од архивите за претрпеното насилство и тортурата на жените кои во војната во Босна и Херцеговина поминале низ камповите за силување во Фоча. Филмот е во продукција на „Медеа“ Македонија и „Право Људски“, Босна и Херцеговина, во партнерство со БИРН.

Препорачуваме:

Медицинските сестри и акушерки-симбол на хумaност и пожртвуваност

Ново поскапување на цените на бензиот и дизелот

Стојне Митева

„Сандо Масев“: Еко акција наместо полуматурска забава