• Sun. May 19th, 2024

Струмичани отворија дебата за гробот на Струма

ByЃ. K.

Nov 11, 2023

Струмичани кои беа присутни на форумската буџетска сесија како еден од приоритетите за идната година до општинските власти го посочија и можна дислокација на „струмин гроб“ од Баница во Струмица.

Според граѓаните „струмин гроб“ кој сѐ уште не е целосно истражен од стручната јавност е едно од обележјата на градот и треба да се размислува ова обележје да биде достапно и видливо за пошироката јавност.

Од општината велат дека станува збор за предлог кој доаѓа од граѓаните присутни на форумската сесија и дека секој предлог треба да биде разгледан и опсервиран. За ваквата идеја како што велат ќе се дебатира ќе се консултираат не само граѓаните туку и стручната јавност за реализација на ваков потфат. Не се исклучува можноста и за можна визуелизација на „струмин гроб“ во Струмица, но пред сѐ, ќе се консулитраат граѓаните, стручните лица но и Заводот и музеј.

Станува збор за своевиден гробен мавзолеј од девет слоја кој е тргнат од културното наследство на Македонија а се наоѓа на приватен имот кај Баница за кој експертската јавност нема сознанија за каков гроб станува збор, но според легендите почива ќерка на струмички словенски заповедник.

Предлогот за можна дислокација на струмин гроб беше третиот проект за кој струмичани се изјаснија, а најмногу гласови доби изградбата на зелен пазар и реконструкција на домовите на култура.

By Ѓ. K.