• Wed. May 15th, 2024

Струмичани користејќи велосипеди,ќе прозиведуваат струја,за да гледаат филм

ByIvana Vangelova

Jun 22, 2023

За  прв пат струмичании ќе може да гледаат филмски проекции кои ќе бидат прикажани благодарение на електричната енергија која што ќе ја произведуваат со еко- велосипеди.Како што најавија од  „Go green“  ќе бидат прикажани два филма,а целта на овој настан е да се подигне јавната свест за еколошка и одржлива енергија.Ова значи дека посетителите ем ќе возат велосипеди,ем ќе гледаат филмови.

.Настанот е организиран од страна на  Europe House Струмица заедно со GoGreen,по повод  Европската недела на одржлива енергија.Оттаму апелираат дека за во ова  уникатно и еко –пријателско кино струјата нема да прозилегува  од обичните извори туку од самите нив. Тврдат дека нивното возење ќе биде претворено во енергија која ќе го овозможи прикажувањето на филмовите.