• Tue. May 14th, 2024

Младите си заминаа од државата нивите се празни,а цените на градинарските производи драстично зголемени

ByIvana Vangelova

Jun 23, 2023


Од година на година се повеќе се намалува градинарското  производство  во струмичко поради недостиг на млади земјоделци.По нивите претежно возрасна генерација кои што не се во можност да обработуваат поголеми земјоделски површини.Според Ристо Велков младите кои што сега требаше во струмичко да се занимаваат со раноградинарски култури,заминаа во странство.

Според  Ристо Велков  градинарското производство во струмичко е намалено за 40 до 50 отсто и тоа скоро на сите градинарски култури, а кај бостанот се очекува уште поголемо намалување заради нестабилната откупна цена. Според трговците, градинарското производство од струмичко годинава се извезува на пазарите во Бугарија, ЕУ, Украина и поранешните југословенски пазари, но во многу помали количини во споредба со порано.