Регион

Струмичани и синоќа на протест.Бараат оставка од Претседателот Иванов,повлекување на аболицијата и одложување на изборите на 5ти Јуни.

Синоќа струмичани повторно на протест.Ја поддржуваат шарената револуција.излегоа на улица ,но велат дека таму и ќе останат се додека не се остварат нивните барања за оставка на Ѓорге Иванов, но се и против режимот на Груевски, против одлуката за аболиција и за откажување на изборите на 5 јуни.
Велат дека се во борбата за правда и демократија, здружени протестираат низ улиците на Македонија во име на слободата, правдата и еднаквоста, нагласуваме дека преговори во овие услови се неприфатливи.
Најклучните барања за кои одлучно продолжуваат со протести се:
– Итно повлекување на одлуката за аболиција на сите оние против кои се води истрага и против кои е покренато обвинение од страна на Специјалното јавно обвинителство (СЈО);
– Итна и неотповиклива оставка на Ѓорге Иванов од функцијата Претседател на Република Македонија;
– Произнесување на Уставниот суд за уставноста на СЈО;
– Формирање на специјално одделение на Кривичниот суд, кое ќе биде надлежно за случаите под јурисдикција на СЈО;
– Итно повлекување на одлуката за одржување на парламентарни избори на 5 јуни;
– Задолжително вклучување и присуство на независни претставници на граѓанското општество во процесот на решавање на кризата;
– Процесот на решавање на кризата да се одвива на територијата на Република Македонија;
– Формирање на преодна влада која докрај ќе ги имплементира итните реформски приоритети од извештајот на Прибе.
За вечерва повторно е закажан протест.

Препорачуваме:

Во Југоистокот 51 активни случаи на КОВИД – 19

Сузана Мицева

Продолжен рокот за поднесување годишна сметка

Стојне Митева

ООУ „Сандо Масев“ организираше новогодишна хуманитарна акција