• Fri. May 10th, 2024

Струмичани им порачале на фановите на Исланд – Ќе бидеме погласни и Македонија ќе слави !

ByВане Трајков

Jan 17, 2019

Струмичките фанови, лубители на ракометот кои отпатуваа за Минхен Германија да ја бодрат македонската селекција против репрезентацијата на Исланд очекуваат победа против островјаните и пласман во втората фаза од Светското првенство во ракомет. Тие деновиве се дружеа со фановите на Исланд со кои го следеа мечот против Шпанија. Се договориле за фер и коректно навивање но им порачале дека црвено жолтата фурија ќе слави против нивната селекција

,, Им кажавме дека ние победуваме и дека од трибините ке се слуша гласот на навивачите за Македонскаа селекција. Си посакавме среќа и нека победи подобриот на теренот. Но дефинитивно вечерва Македонија ќе ја има подршката од сите нас,, ни кажа Славе Костадинов кој од Струмица отпатува за Минхен за да ги бодри македонските ракометари

Македонија вечерва го игра клучниот меч од групната фаза од Светското првенство во ракомет. Само со победа против Исланд четата на Раул ќе обезбеди пласман во топ 12 ракометни селекции во светот

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *