Регион

Струмичанец фатен со дрога физички нападнал полицаец

Вчера во 16.00 часот на Граничен премин Богородица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишија од слобода З.Ј. (45) од Струмица, затоа што кај него е пронајдена марихуана.

Истиот ден, врз основа на наредба на судија од Основен суд Струмица, извршен е претрес во неговиот дом во Струмица, при што се пронајдени и одземени марихуана и прашкаста материја. При претресот З.Ј. агресивно се однесувал и физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени задачи.

Лицето е задржано во Полициската станица Струмица, запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по документирање на случаите против З.Ј. ќе бидат поднесени соодветни пријави. 

Препорачуваме:

Носители на функции во Гевгелија се 33 мажи и 22 жени

Сузана Мицева

СОУ „Јосиф Јосифовски“- дел од Првиот дигитален саем за средно стручно образование

Сузана Мицева

Се реконструира и проширува улицата „Индустриска“ во Гевгелија

Сузана Мицева