• Sun. May 19th, 2024

Струмичанецот Ковачев студент во Марибор се вакцинираше против ковид 19 и вели единствен начин светот да се врати во нормала е вакцината

ByВане Трајков

Jan 10, 2021

23 годишниот Ристо Ковачев од Струмица студент по општа медицина во Марибор Словенија е меѓу првите што се вакцинираа од вирусот ковид-19 сметајки дека единствен начин светот да се врати во нормала е вакцинација. Како практикант на ургентниот центар при УКЦ Марибор вакцината од производителто Фајзер ја примил пред неполна недела-доброволно бидејки како студент добор бил запознат како се развива болеста и кои се последиците од неа посебно кај повозрасните лица и со фактори на ризик

,,  Covid-19 е моментално најактуелната болест кое има влијание на сите општествени области и единствен начин да се врати светот во нормала е токму вакцината. Свесен сум за болеста но и кратките и трајни последици што таа може да ги остави посебно на постарите и лицата со фактори на ризик. На 5 јануари ја примив првата доза од вакцината Фајзер која моментало ја има во Словенија. Добро се чуствувам , единствено имав локална реакција и болка што е вообичаено при вакцинација. Други сиптоми немам,, ни изја Ковачев

Тој и неколку колеги од завршните години на Медицинскиот факултет во Марибор се јавиле на повикот за работа во Ургентниот центар, каде што им помагаат на лекарите со ковид пациентите. Ковачев вели дека тоа му е еден вид пракса за време на студирањето. Обично работат трета смена и во викендите кога немаат предавања или вежби на факултетот. Вели дека изминативе месеци ја видел голготата на пациентите со потешка клиничка слика од ковид-19.

„Под надзор на лекарите и медицинскиот персонал, правиме тријажа и земаме брисеви за тестирања. Во зависност од резултатите, пациентите ги праќаме до соодветните оддели. Секојдневно сме во контакт со позитивни лица, но заштитени сме според здравствените прописи“, вели младиот студент од Струмица, кој втората доза ќе ја прими на 26 јануари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *