• Tue. May 21st, 2024

Засегнатите од пожарот во т.ц. Глобал се огласија преку фејсбук

ByDimitar Micev

Jan 10, 2021
Глобал
Засегнатите продавачи од пожарот што го зафати трговскиот центар Глобал им се заблагодаруваат на сите субјекти, физички и правни лица кои се понудија да помогнат во решавање на ситуацијата која настана во ТЦ Глобал

… поради кој немил настан многумина од нас останаа без својот основен приход на живеење.

Тие повикуваат за деполитизирање на ситуацијата и за солидарност.

Меѓутоа, сакаме и да укажеме дека политичките препукувања не се потребни во овој момент. Не треба да се долева бензин на огнот кој беснееше и кој беше изгнаснат.

Ни треба солидарност и сплотеност во овој момент, за да може сите заедно да го изградиме повторно нашето работно место.

Ги замолуваме политичките партии да не го користат пожарот во Глобал да добиваат поени кај своите симпатизери и активисти зошто со тоа не ни помагаат на нас, жртвите на настанот. Доколку сакаат да покажат со прст кон кривецот за настанот, замолуваме да се почекаат резултатите од истрагата која е започната и институциите да го кажат тоа.

Објавија дека во Понеделник ќе биде отворена сметка за донации за санација на ТЦ Глобал. Целиот текст можете да го прочитате овде:
https://www.facebook.com/permalink.php?story_fbid=102777285119914&id=102703961793913

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *