Спорт

Струмичанецот Дени Илиев повикан да брани за Македонија против Лихтенштајн и Гибралтар

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски го повика Дени Илиев да биде чуварот на мрежата за националната селекција во мечевите од Лигата на нациите против Лихтенштајн и Гибралтар каде стандардно ќе настапува и Горан Пандев

Дени Илиев кој е голман на вториот состав или У21 на  Арсенал, има шанса во овие натпревари и да дебитира во националниот дрес на македонската селекција за кое место претендираат и Столе Димитриевски иод шпански Рио Ваљекано и чуварот на Лахти од Финска- Дамјан Шишковски

Илиев има одлични партии со вториот состав на Арсенал. Тој се најде на списокот на селекторот за гостувањето на Македонија кај Лихтенштајн на 16 ноември и возвратниот меч против Гибралтар три дена подоцна, селекции против кои во првите мечеви Македонија славеше

Еве дел од настапите на Илиев во дресот на Арсенал ова сезона…..

Препорачуваме:

Фотогалерија – КБК Тим Зоран со дури 11 медали на последното државно првенство

Пандев – Албанците ни се должни и не е важно кој ќе постигнува голови, важно е да славиме !

По Дени Илиев, ќе замине ли друго дете во Арсенал – Топчиите ловат таленти во Струмица