Регион Спорт

Стружанецот Малески е новото име во редовите на АП Брера Струмица

Христијан Малески од Струга е новото име во редовите на сениорскиот состав на АП Брера Струмица.

21 годишниот фудбалер кој игра во нападот, во струмичкиот тим доаѓа како позајмен играч од шампионот Струга Трим Љум каде беше последните две години. Во последната првенствена сезона Христијан регистрираше 23 настапи, а има постигнато 7 гола. Паралелно Малески е дел и од фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година каде исто така има забележителни настапи.

Овој млад играч веќе се приклучи во тимот на Брера Струмица и во наредниот период се очекува да дебитира во зелено црниот дрес.

Препорачуваме:

Костадинов: Со новата градежна офанзива се опфатени сите населени места

Ѓ. K.

Владата го усвои Предлог-законот за употреба на македонскиот јазик 

Ване Трајков

Kрводаритeлска акција во „Црвен крст“ – Струмица