• Mon. May 13th, 2024

Стојкова: Во Струмица се носат кучиња бездомници од други градови

ByЃ. K.

Oct 25, 2023

Во Струмица се носат кучиња бездомници од други градови со што проблемот со нив не може да се реши брзо и покрај постоењето на Стационар за бездомни кучиња „Лајка“.

Оваа оценка ја искажа директорката на Стационарот, Сузана Стојкова, која информираше дека 90 отсто од постоечкиот број на кучиња е третиран.

– Имаме неофицијални податоци за носење на кучиња во Струмица со комбиња од Тетово и Гостивар и камион со сина церада со непознати регистарски таблички. Затоа апелирам до граѓаните секоја ваков случај да го евидентираат и фотографираат и да ни помогнат во пронаоѓањето на сторилите, вели Стојкова.

Ова изјава на Стојкова доаѓа по вчерашната конференција на Локалниот совет за превенција, на која беше забележано дека граѓаните генерално се чувствуваат безбедно, а тие што не се чувствувале така како главен проблем ги посочиле кучињата скитници.

Инаку, од 1 февруари годинава кога е формиран Стационарот за бездомни кучиња во Струмица и досега се заловени 475 кучиња, од кои се третирани сите. На локации од каде се заловени се вратени 324, евтанизирани се 53, а стелизирани и кастрирани се 353 и се вдомени 63 кучиња.

Од Стационарот апелираат до сопствениците да имаат одговорно сопствеништво и да ги чипираат и стерилизираат кучињата, а во тек е и јавна кампања за подигнување на свеста за вдомување. 

МИА

By Ѓ. K.