• Sat. May 18th, 2024

Во Europe House Струмица се одржа панел дискусија на тема „Рурални жени – состојба и предизвици“

ByЃ. K.

Oct 25, 2023

РУРАЛНИ ЖЕНИ – СОСТОЈБА И ПРЕДИЗВИЦИ беше главната тема на панел дискусијата која се одржа во Europe House Струмица, минатата недела по повод одбележувањето на Меѓунардниот ден на руралната жена.

Претставници од Земјоделски факултет – Универзитет „Гоце Делчев” Штип, Horti Eko и Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, учествуваа на овој панел, каде дискутираа за можностите и предизвиците со кои се соочува руралната жена и нејзината важност во општеството.

Според светските статистики руралните жени сочинуваат повеќе од една четртина од вкупното светско население.

By Ѓ. K.