• Tue. May 14th, 2024

Стар Дојран доби вода-заменет е моторот на пумпата во Деребаш

Стар Дојран доби вода. Заменет е моторот на пумпата во бунарското подрачје Деребеш. Ова за канал Вис го потврдија од комуналното претпријатие Полин чиишто екипи цела вечер работеле на местото на дефектот. Вчера градоначалникот Ангов рече дека прават максимални напори да се санира проблемот, но огромен предизвик била самата локација затоа што станувало збор за длабочина од околу 50 метри и непристапен терен па целиот процес на замена содел речиси рачно, бидејќи не можее да работат со механизација.

Од комуналното претпријатие велат дека за да се надмине ваков проблем во иднина, при евентуални дефекти на водоводната мрежа населеното место да останува без вода по неколку денови, ќе треба да се размислува за бушење на нови бунари во околните водни подрачја.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *