• Sun. May 19th, 2024

Градоначалникот Костадинов придружуван од владина делегација на Турција го посетија училиштето во Казандол

Градоначалникот на општина Валандово, Перо Костадинов, заедно со делегација на владината организација на Турција во Македонија, „Тика”, предводена од координаторот Ајтекин Ајден, го посетија населеното место Казандол.

Како што јави Општина Валандово, целта на посетата беше констатирање на состојбите на подрачното училиште „Цветан Димов” и пронаоѓање на начин за нивно подобрување и осовременување.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *