Регион

Старицата пронајдена во домот мртва завчера била убиена соопштија од Јавното обвинителството

83 годишната старија која пред три дена беше пронајдена мртва во својот дом на улицата „Димитар Цветинов“ била убиена. ОЈО потврди дека причина за смртта е надворешна сила односно била задавена.

Телото на старицата беше пронајдено во семејната куќа каде што живеела во петокот попладне од нејзини најблиски, при што веднаш повикале брза помош. По пријавата во полицијата веднаш беше излезено на терен при што ја блокираа улицата до домот. Увид од надлежните се вршеше и во саботата во претпладневните часови. За да се утврдат причините за смртта телото на старицата беше  предадено на обдукција.

Во интерес на истрагата други детали не се соопштуваат освен дека е отворена постапка и издадени наредби за прибирање на дополнтиелни докази

Препорачуваме:

На 27 март се одржаа две обуки за основите на првата помош во ООУ „Никола Вапцаров“

Ѓ. K.

Денеска се одржа 35-та седница на Советот на општина Струмица

Ѓ. K.

насилник ноќеска во 2 часот влегол во стан и сакал да ја обљуби 20 годишна жена, која во станот била со своите две деца