Регион

Старата гевгелиска депонија ќе стане зелена оаза

Старата депонија кај Сува река, ќе биде дислоцирана пролетта идната година. Изготвен е елаборат за рехабилитација на просторот, а покрај изградбата на заштитниот ѕид на Сува река, се предвидува целосно расчистување на депонијата, покривање на комуналниот отпад и уредување на зелена површина.

За реализација на проектот за рехабилитација на старата депонија веќе се обезбедени 420.000 евра од грчкиот грант наменет за Пречистителната станица, изјави градоначалникот на општина Гевгелија Сашо Поцков при обиколката на локацијата на старата депонија.
Притоа, нагласи дека на последниот состанок на претставниците на Министерството за животна средина, Грчката и Швајцарската амбасада и Швајцарската агенција за развој (SECO) во Гевгелија, кои беа дел од надзорниот одбор за реализација на проектот за Пречистителната станица, а продолжуваат со менаџирање на проектот за рехабилитација, било договорено на почетокот од март да започне дислоцирањето на старата депонија и рехабилитирањето на локацијата. Ваквата динамика е утврдена врз основа на фактите дека до овој период патот до Времената депонија и обезбедувањето на вода и електронапојување, како предуслови за нејзино профункционирање, ќе бидат завршени.
-Со профункционирањето на Времената депонија паралелно ќе се одвива и дислокацијата на старата депонија. За таа цел веќе е изготвен елаборат, а до крајот на годината од страна на донаторот ќе биде распишан тендер за изградба на нов заштитен ѕид од северната страна на Сува река, како и за покривање на комуналниот отпад, Додека дел од исцедокот од отпадот ќе биде транспортиран во Времената депонија, рече Поцков, појаснувајќи дека покрај заштитниот ѕид ќе се уреди слободен простор, чија намена дополнително ќе биде утврдена, а на самиот простор на старата депонија, по извршениот третман, ќе биде уредена зелена површина.

Препорачуваме:

Модерни акумулации за да нема загуби на вода

Облачно со слаб снег и силен северен ветер

Стојне Митева

Видео: Он лаjн настан за поддршка на лицата со Даунов синдром