Регион

Спортско-рекреативниот центар „Топлик“ избран за реализација со грант од 40. ДО 50.000 долари

Oпштина Гевгелија ја oдржа и последната од серијата 4 форумски сесии за избор на проект од областа на животната средина којшто ќе се реализира со грант во висина од 40.000 до 50.000 американски долари од УНДП.

Имено, на последната форумска сесија, по пат на евровизиско гласање и со најмногу освоени поени, Форумот како приоритетна ја оцени изградбата на спортско-рекреативен центар крај браната „Топлик“, проект којшто работната група на Советот на Општина Гевгелија и локалната самоуправа го развиваа на претходните три сесии.


Останатите предложени пет проекти од страна на граѓаните, претставници на институциите и претставниците на бизнис и граѓанскиот сектор остануваат во сопственост на Општина Гевгелија, со можност за реализација од страна на локалната самоуправа.


Форумските сесии во Општина Гевгелија се одржуваа во рамки на Програмата „Зајакнување на општинските совети- Фаза 2“, финансирана од Швајцарската влада и Министерството за локална самоуправа, а ја кофинансира и спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во соработка со национални и локални партнери.

Препорачуваме:

Фајзер произведе лек за ковид. Паксловид нова надеж во лекувањето

Стојне Митева

Костадинов: Струмичките спортисти со нивните врвни резултати се наша гордост

Ѓ. K.

Коалицијата за заштита на децата и Родителски Фронт организираа информативни сесии во Пробиштип, Ново Село и Струмица

Ѓ. K.