Регион

Со одбележување на тримерските обичаи, завршуваат карневалските празнувања во Струмица

Трет ден по „Прочка“, трет ден од почетокот на големите велигденски пости. Денесека е Тримери, празник посветен на мајките, ќерките, новите поколенија. Со тримерска посна трпеза, музика и песни, Организациониот одбор на струмичкиот карневал, заедно со „Распеани струмичани“ денеска ги одбележа тримерските обичаи. Сарма со ореви, посен грав, леблебија, алва, боза, локум-беа дел од посната тримерска трпеза која беше поставена во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица.

-„Зборот „Тримери“ потекнува од грчки збор кој значи тридневен пост.Првиот ден е чист понеделник, на вториот ден се доделуваат наградите на најдобрите маски од струмичкиот карневал, а третиот ден , денеска, е посветен на тримерските обичаи. Денешениот ден е значаен по тоа што, бидејќи снаата успеала да ги пости сите три дена, без јадење и пиење, свекрвата од голема благодарност ги поканила своите најблиски на посен ручек“-раскажува Костадинка Витанова.

Традицијата вели дека во куќата на невестата се пееле еротски песни, кои претставуваат еден вид на запознавање на
младите со идниот брачен живот.

-„Порано се пееле еротски песни, со кои на армасаната девојка ја запознавале за идниот брачен живот.Овие песни се пееле во некој затворен круг, каде што немало мали деца, и со зурли и тапани се одбележувал празникот Тримери.На овој ден гостите носеле и подароци со кои ја дарувале младата невеста„-додава Костадинова.

Со одбележување на тримерските обичаи, официјално се затворени карневалските празнувања во Струмица.

Препорачуваме:

Гевгелија во предновогодишна и празнична атмосфера

Ѓ. K.

Општина Радовиш ја објави музичката програма за манифестацијата „Самун ем татлија 2023“

Ѓ. K.

Двајца гевгеличани попладнево се изгубија на планината Кожуф. Се трага по нив

Сузана Мицева