Македонија

Со ноќен радар 201 санкции за брзо возење на територија на цела држава

Во текот на изминатата вечер (04/05.08.2022) во периодот од 21.00 до 02.00 часот Министерството за внатрешни работи со посебно опремен радар за снимање во ноќни услови, спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 201 возач. Од нив, седум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозолената брзина. При тоа 130 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 71 надвор од населено место.


Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Препорачуваме:

Се зголемува цената на бензините

Без закажување во Врање: „Македонците покажаа голем интерес за руската вакцина“

Од денеска започнува исплатата на покачениот минималец