Регион

Со вечерашниот детски маскенбал започнуваат седумдневните карневалски денови во Струмица

Од вечерва започнува најголемата и најмасовната манифестација, најголемиот белег на градот под Царевите кули, струмичкиот карневал 2016. Честа први да ја почувствуваат карневалската магија, ја имаат најмладите со вечерашниот детски маскенбал кој што ќе се одржи во хотелот „St.George“.
Богатата карневалска програма продолжува утре во 12 часот во библиотеката „Благој Јанков Мучето“ каде ќе бидат објавени резултатите од конкурсот за најдобри остварувања на тема карневал. Во 19 часот во центарот за култура „Антон Панов“ ќе биде отворена изложба на фотографии од карневалот 2015, еден час подоцна ќе се одржи концертот под маски на музичкото училиште „Боро Џони“.
Свеченото отворање на овогодишното издание на карневалот ќе биде в петок во 20,30 часот кога во хотелот „Сириус“ ќе се одржи традиционалниот маскенбал на кој што ќе бидат избрани принцот и принцезата на карневалот. Главната интернационална карневалска вечер ќе се одржи в сабота (12.03.2016г.) кога се очекува во главната карневалска поворка да продефилираат над 2.000 маскирани луѓе, меѓу кои 15 карневалски групи од странство.
Организациониот одбор нуди богата програма и до 16 март (среда) кога завршува карневалот со одбележување на тримерските обичаи.

Препорачуваме:

Видео: 7ма седница на Советот на Општина Струмица

Официјално од денес , Струмица добива 13 персонални асистенти кои во иднина ќе помагат на лицата сос попреченост

Видео изјава од директорот на струмичката болница за излетувањето на амбулантното возило

Ване Трајков