Забава

СОФ 2019 – Вечер на Тоше Проески

На сцената кај Чешмичката на 14 август со почеток од 21:00 часот – трибјут за Тоше Проески.


Бројните хитови од деветте албуми на Тоше ќе бидат во изведба на солисти од македонската музичка сцена. Александра Јанева, Марко Logout и Васил Гарванлиев се тројцата солисти кои ќе го изведат специјалниот трибјут концерт. 

Цели два часа публиката ќе има можност да ужива во нови аранжмани и поинакви изведби на нивните омилени песни од големата поп-ѕвезда.

На сцената кај Чешмичката ќе настапат и: Игор Џамбазов & Гуру Харе, Јовче Пандев, AРЕА, Дактили, Летечки пекинезери, Дикато, Камерен оркестар на Битола, Dismissed, како и учесниците на Летната школа за гитара со предавачите Дамјан Пејчиновски и м-р Васко Пиличев. 

Препорачуваме:

(Видео) Готвачите на кралицата споделија рецепт за совршена куќа од тесто со ѓумбир

Сузана Мицева

Низ фотографии: Креативниот процес на создавање на уметничко дело

Сузана Мицева

Денеска почнува летото – ова е најдолгиот ден во годината

Сузана Мицева