• Mon. May 20th, 2024

Сообраќајните незгоди се причина број еден за смртност кај младите лица

Глумци, пејачи, новинири, спортисти, водители и останати јавни личности… сите во еден глас праќаат порака „Го сакам градот безбеден“, и со тоа даваат поддршка на новата едукативна активност на РСБСП која го носи токму овој наслов, а има за цел подигнување на сообраќајната култура и свест во секој град и во секое населено место во Македонија.

На овој начин, РСБСП со поддршка на јавните личности ги најавува двете значајни активности кои ќе се случуваат престојниот период. Станува збор за кампањата „Недела за безбедност на сообраќајот“ во Охрид и во Битола. И двете, со ист наслов, со иста порака со исто мото –„ Го сакам градот безбеден!“.

извор: makfax.com.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *