Регион

Собранието изгласа – недела неработен ден од 1 јануари

Собранието изгласа – недела неработен ден од 1 јануари

Собранието денеска во второ читање ги усвои законските измени за работни односи кои ја дефинираат недела како неработен ден. Тие треба да почнат да се применуваат од 1 јануари.

Прецизирани се дејностите во кои неделниот одмор може да се замени и со друг работен ден и тие по проценките се неопходни за нормално функционирање на општеството. Измените предвидуваат за 50 проценти поголема дневница и слободен ден за тие што ќе работат во недела, а се дел од овие дејности. За 100 отсто поголема дневница и слободен ден се предвидува за оние работници кои ќе работат во несуштинските дејности, што е регулирано со Законот за трговија, за кој пратениците треба денеска да расправаат.

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска на собраниската седница истакна дека со овие измени, кои треба да почнат да се применуваат од 1 јануари следната година, се овозможува воспоставување баланс меѓу приватниот и семејниот живот на работниците во нашата земја.

Со ова законско решение, рече, 92 проценти од работниците ќе имаат можност во недела да практикуваат семејни, но и социјални дружења и на тој начин, како што нагласи, ќе се генерира поголемо задоволство и поголема мотивираност, која, според неа, ќе доведе до зголемување на продуктивноста во компаниите и во јавните институции каде ќе работат.

Препорачуваме:

Виз ер ги прекина сите летови во Украина

Стојне Митева

Расте бројот на корона вирус во Македонија, мерките засега остануваат исти

Со законски измени ќе се оневозможат несериозните апликанти за земјоделско земјиште

Стојне Митева