• Mon. May 20th, 2024

Слаб интерес за првиот уписен рок во средните училишта

Првиот уписен рок за новите средношколци во учебната 2016/2017 година почна денеска. Запишувањето ќе трае и утре, па најверојатно повеќето го чекаат последниот ден за упис во средно училиште. Како што не информираа од струмичките средни училишта, засега интересот е слаб, но поголема навалица очекуваат утре.

Уште пред самиот старт на уписот, директорите на струмичките средни училишта рекоа дека се во неизвесност колку паралелки годинава ќе пополнат.

Во согласност со Законот за средното образование, уписот во средно училиште е задолжителен. За родителите што нема да ги запишат децата во средно училиште предвидени се парични казни.