• Sat. May 11th, 2024

Синоќа се преврте комбе со мигранти од кои 7 се повредени кај робовската раскрсница

Комбе со битолски регистарски ознаки полно со мигранти синоќа излетало од патот Струмица-Валандово кај расрсницата кон населените места Раборци и Попчево. Засега не се знаат причините како излетало комбето кое се превртело  во канал од реката Тркања до патот. Според полицијата инцидентот се случил околу 21 часот а по излетувањето возачот се дал во бегство оставајки ги мигрантите приклештени во возилото, за што морала да интервенираат и припадници од струмичката противпожарна единица.

,, Во комбето биле превезувани мигранти. Седум од нив се здобиле со повреди од кои четири тешко биле провредени и префрлени во струмичката болница. Полицијата работи на целосно расветлување на случајот’’ соопштија од СВР Струмица

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *