Регион

Синоќа рекордна загаденост во Струмица,ПМ честичките беа 538 микрограми на метар кубен

Синоќа рекордна загаденост во Струмица.Точно во 22 часот беа измерени 538 микрограми на метар кубен.Граѓаните на социјалните мрежи алармираа дека надвор буквално не се диши.Во време кога индустриските капацитети не работат, а слаба е и фрекфренцијата на автомобили кои надлежните ги сметаат за највисоки загадувачи , сепак очегледно не е така.Единственото објаснување, зошто и доцна вечерта кога се исклучени овие фактори сепак имаме висока концентрација на загаден воздух е се можеби домаќинствата кои се затоплуваат на дрва.
Шумските експерти децидни, дека, сепак највисока концентрација на ПМ честичките во воздухот ги создава чадот од семејните оџаци.Објаснуваат оти се горат влажни дрва со 30 до 40 отсто влага во дрвата а дозволената граница според експертите е до 13 отсто влажност.Од сувите дрва чадот е полесен и брзо се крева кон атмосферата додека пак од влажните не само што паѓа надолу имаат и висока концетрација отровните ПМ честици.
Екпспетите се со барање до министерството за земјоделство шумарство и водостопанство за законски измени кои ќе донесат нови правлници за сеча на огревниот материјал со цел иостиот да има повеќе време за сушење пред дистрибуција до крајните корисници , односно домаќинствата.
Шумските експерти кои денес ги контактиравме велат дека треба да го следиме примерот барем на земјите кои сеуште преферираат греење на дрво , но го прават плански.Именно, Грција има законска одредба дека во првите месеци од годината :јануари,февруари и март се врши сеча на огревно дрво и се остава да се исуши до септември а дури по 7 месеци дрвната маса се дистрибуира до корисниците.
Статистичките податоци од шумското стопанство за последните 10 години во кој има јасен приказ за испорачани дрва до домакинставата не покажува голема разлика во кубибните метри.
И додека надлежните мислат како да го решат проблемот со загадувањето Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје препорачуваат ограничени движења и активности на отворен простор на најранливата популација (деца, стари лица, болни од хронични болести на белодробниот и срцевиот садовен систем, со посебен ризик за болните од бeлодробна астма), но и за лицата кои својот професионален ангажман го обавуваат на отворен простор во загадените зони на градот.
Од општина Струмица велат дека и понатаму инспекторите од одделението за животна средина се на терен и ги чешлаат потенцијалните загадувачи во текот на денот.Ноќта, кој jа загадува останува енигма.

Препорачуваме:

Во Струмица 19 нови позитивни на Ковид-19

Ване Трајков

СДК.МК -Почина 45 годишна струмичанка во затворот во Идризово

Тренчевска:Услугата помош и нега во домот достапна и во Општина Струмица

Стојне Митева