Свет

Силно невреме откорна покриви и дрвја во Словенија

Големи делови на Словенија синоќа ги зафати силно невреме со налети на ветер кој достигна брзина од над 100 километри на час и откорна кровови на куќи и собори дрвја, а илјадници домаќинства останаа без струја.

Невремето стигна до северна Словенија доцна попладне и се подели на два дела – првиот се упати кон Марибор и Целје, додека вториот се движеше низ централна Словенија кон Долењска, Кочевска и Бела Краина.

Според податоците на Агенцијата за животна средина (АРСО), ветерот во Кредарица достигнал брзина од 164 километри на час, а во Крвавац 136 километри на час. На многу места, итните служби биле на терен. Според податоците на Управата за заштита и спасување на Словенија, силниот ветер откорнал покриви на станбени и деловни објекти во општините Целје, Лашко, Рогашка Слатина, Словенске Коњице, Шенџур и Велење. Соборени се и неколку електрични столбови, кои го прекинаа снабдувањето со електрична енергија.

Околу 21.700 корисници во моментов се без струја на територија на Електро Љубљана, а без струја се и неколку илјади потрошувачи на територијата на Електро Марибор.

Препорачуваме:

Могерини и Хан повикаа за позитивна одлука за преговори

Сузана Мицева

Словенечкиот премиер најави олеснување на мерките во наредните денови

Сузана Мицева

Голем број Црногорци се заразиле со коронавирусот на погреби

Сузана Мицева