Регион

Се распламтува болеста чвореста кожа, вакцини се уште се чекаат а на сточарите им се забранува и продажба на млекото.

Забрзано се шири болеста Чвореста кожа во земјава, за само два дена регистрирни се нови болни грла говеда, во повеќе населени места во микрорегионот.Надлежните велат дека болеста била локализирана само во источниот дел, но не и во останатите региони од земјава. Анализите покажуваат дека секој ден се откриваат нови случаи. Агенцијата за храна и ветеринарство заедно со Дирекцијата и повеќе надлежни институции,посочувааат дека во следните денови ќе се разгледува и можноста да се побара и прогласување вонредна состојба за овие региони или на цела територија на земјата, во зависност од брзината и појавата на нови жаришта и ширењето на болеста доколку лабораториски се потврди постоење на болеста и на останатите региони. Болеста не е зооноза односно не се пренесува на луѓето ниту преку млекото и месото меѓутоа причинува големи економски штети на сточарите. Сточарите единствено се надеваат дека до конкретните мерки кои треба да ги превземат надлежните се надеваат дека нивната стока нема да се зарази.

Но засега на сточарите со кои стапивме во контакт им се забранува продажба на млеко и млечни производи а секако и месо.
Вирусот многу лесно се шири бидејќи е високо заразен, но степенот на смртност е многу низок.
Спас од состојбата надлежните велат дека е во вакцината која ја чекаат дури од Јужноафриканската Република која треба да пристигне до крајот на месецов.
Сите фармери кои имаат усмртени грла поради болеста ќе добијат обештетување со пари од буџетот на Агенцијата за храна и ветерина.

Препорачуваме:

Ќе се санираат полски патишта во четири општини од Југоистокот

Ване Трајков

Струмичани за генерален секретар на Влада и шеф на кабинет на премиерот Заев

Полицијата го приведе возачот кој прегази дете во Струмица

Ване Трајков