• Wed. May 15th, 2024

Се размислува учебната година да трае од 1 септември до 10 јуни, но зимскиот распуст за основците и за средношколците да биде од ноември до февруари

 Ако се скратени наставните програми, ќе имаат поголеми распусти во текот на годината. Идејата е кога ќе има ризик од криза, децата да одат на распуст, а потоа пак да се вратат на училиште и да учат по скратена програма

Како е најпаметно, а истовремено и најбезбедно да функционира воспитно-образовниот процес од 1 септември? Образовните власти размислуваат за неколку сценарија, а што ќе биде применето, зависи од тогашната актуелна епидемиолошка слика. Ковид-19 комплетно ги промени условите и начинот на учење, а коронавирусот е причина да се види каков тип на учење е најдобро решение и како е најбезбедно во однос на заштитата на децата.

Дознаваме дека освен традиционалниот модел, има можност наставата да е исто така традиционална, но да трае 100 дена, а онлајн-делот да е само дополнување, со цел да се реализира наставната програма.

 Ако наставата е целосно онлајн, тогаш учебната година ќе трае исто како и во случај да е традиционална – 180 дена. 

Наставните програми се веќе скратени и како такви се подготвени за реализација, а кратењето е предвидено и со новиот Закон за основно образование, велат нашите извори. Имено, во членот 50 став 6 стои: „Воспитно-образовната работа не смее да се прекинува во текот на наставната година, освен за вонредни состојби (природни непогоди, епидемии и друго), за што одлучува министерот и го утврдува организирањето на наставата до крајот на учебната година, но не помалку од 100 наставни дена, врз основа на скратени наставни програми, изготвени од Бирото, а донесени од министерот“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *