• Sat. May 18th, 2024

Се повеќе граѓани со блокирани сметки зарди неподмирени долгови

Се зголемува бројот граѓани кои имаат блокирани жиро сметки во деловните банки заради неподмирени долгови . Народна банка на Македонија соопшти дека заклучно со февруари дури 122 илјади и 500 физички и правни лица имале блокирани сметки што во однос на февруари 2015 година е зголемување за нови 23 000 депоненти. Ова значи дека ликвидноста на граганите и фирмите за редовно подмирување на долговите е се помала и тешко врзуваат крај со крај

Според НБРМ заклучно со февруари годинава најмногу блокирани сетки имаат граганите или околу 77 500 лица заради неплакање редовно на своите обврски. Блокадите кај граганите доаѓаат поради ненавремено подмирување на комунални сметки, радиодифузна такса и рати за кредити .

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *