Македонија

Се отвора истрага за депонијата „Дрисла“

По допрен глас Основното јавно обвинителство Скопје отвори предмет за работењето на депонијата за комунален отпад „Дрисла“ за кривично дело Загадување на животната средина и природата од чл.218 од кривичниот законик.

Во насока на утврдување на фактите, надлежниот јавен обвинител испрати барање до Министерството за животна средина и просторно планирање за добивање потребни податоци во врска со досегашна извршена контрола над работењето на депонијата ‘Дрисла’, како и доколку е извршена контрола дали е констатирано почитување на протоколите за согорување на медицински отпад од страна на депонијата и други информации“, соопшти Обвинителството.

извор: makfax.com.mk

Препорачуваме:

На УКИМ новите студенти треба да потпишат дека не се запишале на друг Универзитет

Ване Трајков

Од утре исплата на ноемвриските пензии

Ване Трајков

Одбележување на Светскиот ден на штедењето