• Sat. May 18th, 2024

Се отвора истрага за депонијата „Дрисла“

По допрен глас Основното јавно обвинителство Скопје отвори предмет за работењето на депонијата за комунален отпад „Дрисла“ за кривично дело Загадување на животната средина и природата од чл.218 од кривичниот законик.

Во насока на утврдување на фактите, надлежниот јавен обвинител испрати барање до Министерството за животна средина и просторно планирање за добивање потребни податоци во врска со досегашна извршена контрола над работењето на депонијата ‘Дрисла’, како и доколку е извршена контрола дали е констатирано почитување на протоколите за согорување на медицински отпад од страна на депонијата и други информации“, соопшти Обвинителството.

извор: makfax.com.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *