Регион

Се намалуваат површините засеани со зеленчук и овошје

Од година во година се повеќе се намалуваат површините засеани со зеленчук и овошје. Според податоците од Државниот завод за статистика, површините на основните земјоделски култури во периодот од 2003 до 2013 година се намалени. Табелата од ДЗС покажува дека ако во 2003 година доматите биле засеани на површина од 6361 хектар, во 2013 година оваа култура била засадена на помала површина. Намалување има и кај другите основни култури, а благ пораст за овие десет години има само кај површините засеани со јаболка.

Овој факт го потврдуваат и некои од струмичките земјоделци. Ристо Велков смета дека доколку се повтори ланската години со ниски откупни цени во раноградинарството,следната производствена година површините засадени со овие култури ќе бидат многу помали.

Намалувањето на земјоделските обработливи површини се должи на повеќе фактори. Како главна причина земјоделците секогаш ја наведуваат ниската откупна цена, која не им дозволува на производителите да ги покријат основните производствени трошоци.

Препорачуваме:

Градоначалникот Ацо Ристов вчера ја посети „5-та детска ликовна колонија“ во Радовиш

Ѓ. K.

Министерот Османи и економските советници во посета на општина Гевгелија

Стојне Митева

Отворена канцеларија на премиерот Заев за непосредни средби со граѓаните во Струмица

Ване Трајков