Регион

Селото Богородица кај Гевгелија го менува ликот

Богородица доби неколку нови улици, уреден центар и нови детски игралишта.

Во ова населено место летово значително е подобрена патната инфраструктура,  бетонирани се два улични крака, на улицата „Маршал Тито“, кој води до општинската канцеларија, како и кракот на улицата „Филип Македонски“. Деновиве заврши уредувањето на улицата „Александар Македонски“, по чија должина од стотина метри, поставени се павер елементи.

Паралелно со ова се уредува центарот на Богородица, на тревникот кај црквата. Поставени се клупи, канти за отпадоци, детски играчки, а целиот простор ќе биде заграден. Населеното место доби уште едно детско катче, во близина на општинската канцеларија, а заради регулирање на сообраќајот поставени се и лежечки полицајци. Со еден збор Богородица полека го менува својот лик.

Препорачуваме:

Гевгелиските компании на колена поради пандемијата со КОВИД – 19

Сузана Мицева

„Употреба на Микро:бит за изработка на електронска корпа“ во ООУ „Сандо Масев“ Струмица

Книжевен разговор со Наташа Сарџоска во Europe House Струмица

Ѓ. K.