Регион

СДК.МК – СТРУМИЧКИОТ СУД КРИЕЛ 2.000 ТУЖБИ ЗА НЕПЛАТЕНИ СМЕТКИ, ГРАЃАНИТЕ ЌЕ ПЛАЌААТ И НАТРУПАНИ КАМАТИ

Над 2.000 тужби за неплатени сметки од 2005 до 2011 што Основниот суд Струмица со години ги криел од контролите, сега им ги испорачува на граѓаните должници. Без нивна вина што судот не постапувал за овие предмети, тие ќе треба да ги платат овие заостанати сметки со каматите што се натрупале  пишува порталот Сакам да кажам – www.sdk.mk.  Вкупните суми со последните испорачани тужби од овој суд се 10 до 20 пати поголеми од основниот долг, а има и такви од претпријатија кои веќе не постојат, како ЕСМ (Електростопанство на Македонија, сегашно ЕЛЕМ).

Дел од тужените граѓани на Струмица и околината веќе поднеле тужби до Врховниот суд за судење во разумен рок, дел поднеле претставки до Народниот правобранител Иџет Мемети. Но, ни едното ни другото не може да ги спаси од обврските да ги платат огромните долгови, зашто Основниот суд Струмица воопшто не ги работел овие предмети.

извор – www. sdk.mk 

Препорачуваме:

Во Гевгелија се одржаа активностите од Програмата предвидена за дводневниот културно-уметнички Фестивал „Mладински бран“

Ѓ. K.

Четири лица управувале возила за време на полицискиот час во Радовиш

Ване Трајков