Регион

СВР Струмица поднесе кривична пријава против поранешниот градоначалник на Ново Село

СВР Струмица до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против порабнешниот градоначалник на Ново Село поради постоење основано сомневање за две кривични дела „послужување во службата“ и „посебни случаи на фалсификување исправи“.

-Пријавениот на 18.10.2017 година, неовластено се послужил со моторно возило сопственост на општина Ново Село, возило кое како претходен градоначалник му било доверено на користење за службени потреби. иако Б.В знаел дека му прекинал мандатот како градоначалник на општина Ново Село, истиот ден кога му е врачено уверението на новиот градоначалник, одбил да изврши примопредавање на моторното возило, притоа изготвувајќи си налог за патување со службено возило и заедно со неговата сопруга на 19.10.2017 година заминал во Скопје за свои приватни потреби, рече на денешната прес конфренеција, Хризантема Рендевска од СВР СТрумица.

Според СВР, Струмица, по претходна пријава, полициските екипи го сопреле возилото на 19 октомври пред влезот во Струмица кај бензинската пумпа на „Лукоил“ кое било управувано од пријавениот, а како совозач била затекната неговата сопруга.

-Сопругата со нејзиниот телефон неовластено снимала и покрај укажувањата од страна на полициските службеници дејствието веднаш да го прекрати. при извршена контрола било констатирано дек пријавениот го управувал возилото, сопственост на Општина Ново село, и за тоа самиот си изготвил Налог за користење патничко моторно возило за деловни потреби, без број од 18.10.2017 година во кој било наведено дека на 18.10.2017 година патува на релација од Ново Село до Скопје за службени потреби, додаде Рендевска.

Од страна на полицијата по наредба на ОЈО- Струмица со потврда за привремено одземени предмети, одземени се и фотографирани возилото-сопственост на општина Ново Село и мобилниот телефон на совозачот.

Препорачуваме:

Финансии до земјоделците пушти 460 милиони евра за субвенции

СДК.МК -Почина 45 годишна струмичанка во затворот во Идризово

Комуналец ги санира последиците од невремето во Струмица

Сузана Мицева