Регион

СВР Струмица денес делеше маски на струмичани, скромно го одбележа 7 Мај , ден на македонската полиција

Во централното градско подрачје денес полициски службеници од  СВР Струмица на граѓаните им делеше заштитни маски.Наплатните центри на македонски пошти, банките, маркетите и сл., беа локациите каде беа распоредени полициските службеници и делеа маски како дел од заштитата и почитувањето на владините мерки за заштита од Ковид 19.

Положено беше и цвеќе пред споменикот на паднатите борци во централното градско подрачје во Струмица.

И во Радовиш, полициски службеници делеа маски на радовишани пред повеќе институции , банки и маркети.

Препорачуваме:

Состојбата во гевгелиската болница помирна за разлика од претходните неколку денови

Графит „Засекогаш деца“ во центарот на Струмица

Втор круг за градоначалник и во Ново Село

Сузана Мицева